Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Јувентус по завршувањето на сезоната би можел да остане без Масимилијано Алегри, кој се споменува како еден од најголемите кандидати за клупата на Арсенал.
„Со Алегри секогаш имавме добра соработка, а ја имаме и денес. Ќе разговараме со него по освојувањето на Скудетото, па ќе видиме“, кажа Марота.
„Сакаме да ја завршиме сезоната со два освоени трофеи. Последните три години го освојувавме Купот на Италија и сакаме тоа да се повтори во среда. Играме против мотивираниот Милан, а за нив ова е важно натпреварување“, додаде Марота.