„Марота мораше да си замине од Јувентус поради Роналдо“


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Бепе Марота повеќе не е директор на Јувентус, откако пред неколку дена беше соопштено дека ќе го напушти клубот на крајот на месецот.

Заминувањето на Марота ги изненади навивачите на клубот, но јасно е дека Ањели не е задоволен со неговата раота.

Поранешниот напаѓач Лука Тони вели дека Кристијано Роналдо е главниот виновник за заминувањето на Марота, иако директорот беше најзаслужен за ангажирањето на Португалецот.

„Марота работеше добро во Јувентус, но мислам дека го скрши трансферот на Роналдо во Торино бидејќи семејството Ањели не го сакаше тој трансфер“, кажа Тони.