Марота откри дали Алегри на крајот на сезоната ќе премине во Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Италија и Англија во последно време зборуваат за тоа дека Алегри ќе замине од Јувентус и ќе го превземе Арсенал.

Сепак, денес се огласи Марота кој ги демантираше овие шпекулации.

„Имам многу добар однос со Алегри. Тој е среќен тука и ние сме среќни како тој работи. Сигурен сум дека овој наш однос ќе трае уште некое време. Од заминување во Арсенал нема ништо.“

Исто така, во медиумите се шпекулираше и за тоа дека Бенатија ќе го напушти Јувентус до крајот на преодниот рок, но по се изгледа дека и тоа е само уште една шпекулација.

„Бенатија? Тој игра добро и ќе остане член на Јувентус.“