Марота потврди: Не сум повеќе директор на Јувентус!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Легендарниот функционер на Јувентус, Бепе Марота, повеќе не е директор на „Старата дама“.

Еден од најзаслужните за седумгодишната доминација на Јувентус го напушти Торино по осум години поради конфликт со претседателот Ањели.

Марота го напушти директорското место само неколку дена откако на еден меѓународен самит на функционери беше награден за најдобар директор во фудбалот.

„Не се сложувавме со претседателот Ањели. Разочаран сум, одлуката е донесена и време е да се објави затоа што моето име веќе некое време не се наоѓаше со другите директори на Јувентус“, кажа Марота.