Марсело е очаен, а тоа го покажуваат и неговите катастрофални бројки!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид вчера загуби од Џирона на домашен терен, па така ги одалечи од борбата за титулата, иако тие сметаат дека уште е рано за да се констатира тоа.

Многу од навивачите на „кралскиот клуб“ се прашуваа зошто Марсело е ретко стартер, но катастрофалните податоци покажуваат зошто се случува тоа.

„Кралевите“ го примија вториот погодок од Џирона токму од страната на Марсело, а тоа беше дури девети меч во кој Бразилецот беше стартер, а притоа Реал имал дури шест порази, две реми и еден триумф.

Ужасните бројки се доказ кој ја потврдуваат одлуката на Сантијаго Солари да смета сè помалку на Марсело, кој беше еден од најдобрите фудбалери во редовите на поранешниот тренер Зинедин Зидан.

Доколку продолжи вака, постои голема можност Марсело да замине на крајот на сезоната, а како негова наредна дестинација се споменува тимот на Јувентус, каде што настапува неговиот поранешен соиграч Кристијано Роналдо.