Марсело полуде пред новинарите: Врска немате, само сте љубоморни!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид многу потешко од очекуваното успеа да ја победи Викторија Плзен со 2-1 во рамки на третото коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Хулен Лопетеги со триумфот ја обезбеди својата работа барем до недела, кога екипата игра против Барселона во „Ел Класико“.

„Лопетги ќе остане на клупата. Прекрасно, зашто мое мислење е дека работи одлично“, кажа Марсело.

Една од најголемите ѕвезди на Реал го налутија новинарите, па жестоко им одговори.

„Тешко е кога не победуваме, но постојано да се збори за кризата… Со таа приказна се обидува да се повреди соблекувалната. Сите новинари сакаат само тоа да го прават, како да сте љубоморни, зашто врска немате како се игра фудбал“, одговори Бразилецот.