Марсело се шокираше поради Лопетеги: Изненаден со од неговата одлука!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марсело вообичаено ги игра натпреварите до последниот судиски свиреж, но Бразилецот мораше да го напушти предвреме теренот против Џирона.

Реал Мадрид синоќа победи со 4-1 против Џирона, а Марселона во 60. минута беше заменет од игра.

„Изненаден сум поради одлуката на Хулен Лопетеги да ме замени, но истата ја почитувам. Сакав да го одиграм целиот натпревар бидејќи сум подготвен и многу е важно што ги освоиме трите бода“, вели Марсело.

За предвремената замена на Марсело даде свое мислење и тренерот на „кралевите“.

„Сакав да имаме поголем квалитет и да бидеме посилни во воздушните дуели бидеќи противникот доминираше во тој дел од играта“, кажа Лопетеги.