Марсеј ја посакува ѕвездата на Рома


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како што пренесува „Газета дело Спорт“ од таборот на Марсеј се сериозно заинтересирани во своите редови да го донесат играчот на Рома, Кевин Стротман.

Фудбалерот кој во минатото се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед има договор со Рома до 2022 година, но од таборот на „Волчицата“ се подготвени да го пуштат за сума од над 30 милиони евра.

Актуелниот тренер на Марсеј, Руди Гарсија одлично ги познава неговите квалитети затоа што го водеше во Рома во 2016 година.

Марсеј е во потрага по замена за Замбо Ангуиса кој направи трансфер во Фулам за сума од 30 милиони фунти.