„Марсијал може да оди во Париз, а Де Геа во Шпанија!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Јунајтед, Мурињо нема ништо против неговите играчи да ги искористат своите денови за одмор кога не се во комбинација за тимот.

Тоа минатиот натпревар го направи марсија, кој наместо на натпреварот со Стоук, отиде на краток одмор во Париз.

„Не ми претставува проблем да ги пуштам играчите на одмор. Сезоната е долга и нема многу време за одмор, па така не е проблем да одат да се опуштат кога не се во комбинација за натпреварот. Немам ништо против Марсијал кој беше во Париз, а ниту за викендов кога Де Геа ќе оди во Шпанија.“

Јунајтед во недела ќе го пречека Виган на домашен терен, а Мурињо ќе игра со фудбалери кои имаа мала минутажа досега.