Марсијал решен да го покаже најдоброто во Манчестер Јунајтед


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ентони Марсијал планира да остане и да се бори за својата иднина во Манчестер Јунајтед.

Имаше шпекулации кои го поврзуваа Французинот со трансфер надвор од „Театарот на соништата“, но британските медиуми јавуваат дека тој нема да притиска за трансфер, туку ќе работи на тоа да му докаже на Мурињо дека е вреден за првиот состав.

Наводно, Марсијал добил и мотив со тоа што од клубот одбиле две или три понуди кои стигнале на нивна адреса за услугите на брзоногиот фудбалер.  Наспроти тоа, Мурињо инсистирал фудбалерот да биде продаден, но Ед Вудвард не ги послушал тие наредби.