Мартинез се пресели во Рединг, Дени Илиев трет голман на Арсенал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од таборот на Рединг денеска потврдија дека постигнале договор со раководството на Арсенал за шестмесечна позајмица на Емилијано Мартинез.

Заминувањето на Мартинез во членот на Чемпионшип значи дека нашиот Дени Илиев сега ќе биде трет голман на тимот предводен од Унаи Емери и ќе има право секојдневно да тренира со првиот тим на Арсенал.

Нашиот интернационален голман се уште чека на деби за првиот тим на Арсенал, дали тоа би било на пријателски или официјален натпревар. Илиев двапати оваа година беше на клупата за резерви на првиот тим на „топчиите“, а во двата наврати токму Мартинез беше на голманската позиција.