Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѓоковиќ би можел да се сретне со Надал во ½-финалето на Мастерсот во Шангај.
Најдобриот тенисер е слободен во првото коло на кое ја брани титулата, а во 2-то го чека подобриот од натпреварот помеѓу Фоњини и Вињолас.
Од друга страна, Надал во 2-то коло би можел да игра против подобриот помеѓу Троицки и победникот од квалификациите.
Потенцијални ривали на Ѓоковиќ до финалето се уште и Карловиќ, Гаске, Димитров, Бердих, Киргиос и Чилиќ.
Во другата половина е Мареј кој во 2-то коло игра против подобриот помеѓу Џонсон и Клижан.
Негови потенцијални ривали се Дел Потро, Монфилс, Раониќ и Вавринка.
Награден фонд е 7.6 милиони долари.