Мата си заминува од „Олд Трафорд“, ќе го наследи играч на Челси


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Медиумите во Англија пишуваат дека Жозе Мурињо посакува да го продаде Хуан Мата во летниот преоден рок и да го замени со Вилиан од редовите на Челси.

„Ѓаволите“ се обидоа да го донесат Вилиан во летниот преоден рок, но до договор не дојде затоа што Челси одби да го продаде.

Сепак, сега Бразилецот наводно е заинтересиран за преселба на „Олд Трафорд“, но за да се случи тоа Мурињо најпрво ќе треба да се ослободи од неколку играчи, а прв на списокот е Хуан Мата.