Матиќ откри тајна: Мурињо го понижувал во Челси


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Немања Матиќ се потсети на најголемото понижување во својата кариера кое се случило минатата сезона под водство на Мурињо.

    Матиќ во натпревар во кој Челси го изгуби од Саутемптон во игра влезе на полувремето, а Мурињо го извади во 73-та минута.

    „Како се чувствував тогаш? Ужасно.“

    „Јас, пред се, сум човек и секако дека се чувствував лошо. Но, не реагирав, останав професионалец. Го почитувам клубот и овој дрес.“

    „Ме болеше. Некои играчи реагираат бурно, но јас не. Ми беше многу тешко. Мора да бидете фудбалер за да го знаете какво е чувството.“

    „Секако, тоа не е најлошата работа која може да ви се случи во животот. Тоа е само фудбал. Мора да се борите со таквите работи, да останете професионалец.“

    „Знаев дека постапив исправно кога седнав мирно на клупата. Горд сум што не реагирав.“