Маури Икарди во епизодата – како на најдобриот пријател да му ја украдеш девојката


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Капитенот на Интер во автобиографијата откри детали кои малку кој ги знае… Вели – се започнало на брод, а потоа фотографија од патувањето.

    Многу пати се споменуваа приказни за љубовна трилогија помеѓу Лопез, неговата поранешна сопруга Наре и поранешниот најдобар пријател Икарди.

    И мислевме сите дека по толку време, сите отровни стрели кои Икарди ги испрати на сметка на поранешниот идол, потоа соиграч и другар, повеќе нема да слушнеме ништо ново, но изгледа дека се излажавме.

    Откако Икарди му ја украде жената на Макс, му ги присвои децата, дури истетовира и нивни имиња на раката и во секој момент се сликаше со нив и провоцираше… Тој во неодамна објавената автобиографија откри како му ја украл Наре на Лопез.

    А според Икарди – се започнало на еден одмор на брод.

    „Ден пред да заминам со репрезентацијата на турнеја во САД добив порака од Ванда. Бев изненаден, бидејќи генерално зборував со Макс, а не со неа.“

    „Ми пиша да ме праша дали би можел да и купам ајпад во САД, бидејќи не сака да чека да и стигна на домашна адреса. Овој настан ме натера да размислам – дали таа навистина сакаше ајпад или сакаше да стапи во контакт со мене.“

    А потоа работите започнаа.

    „Се започна да се комплицира. Сакав да и купам ајпад, бидејќи најдобар изговор ми беше тоа за да ја видам. Почнавме да се допишуваме често, а потоа почнавме да се слушаме и стана малку послободна.“

    А потоа следеше деталот од бродот.

    „Ванда ме испрати на патување со брод. Тука беа и Лопез и Бергесио со жената, а пловевме по Липарските острови. Во еден момент лежев на вториот спрат на бродот, се опуштав, а одеднаш Ванда ми пријде и легна покрај мене, без тронка срам. Беше тоа почетокот на крајот на врската на Ванда и Макс.“

    Само неколку месеци подоцна Ванда и Икарди објавија дека се во љубов.