Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Австралискиот тенисер Ник Кирјос се пласираше во ½-финале на турнирот во Мајами, откако го победи Зверев со 2:1, по сетови 6:4, 6:7 и 6:3.
Одличен натпревар беше виден на Флорида, кој траеше 2 часови и 36 минути.
Кирјос влезе подобро во натпреварот, направи брејк во 9-от гејм, а потоа го освои сетот со 6:4. Во вториот сет се виде голема неизвесност, а во тај-брејк победи Зверев со 11:9.
Во последниот сет Кирјос во 6-от гејм направи брејк и на крајот победи со 6:3.
Во ½-финале тој ќе игра против Федерер.