Мајами Опен – Крај за Павличенкова!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Американската тенисерка Матек-Сендс се пласираше во 1/8-финале на ВТА турнирот во Мајами откако ја победи 17-та тенисерка во светот Павличенкова со 2:1 во сетови, односно 4:6, 6:0 и 6:3.

Американката која е 158 тенисерка на ВТА листата продолжи со одличните игри во Мајами. Откако во второ коло ја победи 10-та тенисерка Свитолина, денес ја победи и Павличенкова.

Русинката многу добро влезе во натпреварот и го освои првиот сет, но потоа направи пресврт.

Во 1/8-финале ќе игра против подобрата од дуелот помеѓу Стрицова и Цепелова.

Сафарова ја победи Томљановиќ која настапува за Австрија во 2 сетови, со 6:1 и 6:3.