Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес беше одиграно финалето во Мајами помеѓу Федерер и Надал.
Натпреварот започна со притисок на Надал кој имаше 2 брејк топки на почетокот, но не ги искористи.
Натпреварот беше израмнет до 8-от гејм, во кој Федерер успеа да направи брејк за 5:3, откако ја искористи 6-та брејк топка во сетот.
Потоа сервираше одлично и стигна до 6:3 во првиот сет.
Вториот сет беше израмнет се до 9-от гејм. Тогаш Федерер успеа да ја искористи својата 3-та брејк шанса во сетот и да стигне до 5:4.
Потоа сервираше одлично и стигна до 6:4 и уште еден трофеј на Мастерс серијата.