Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес Федерер успеа да стигне до победа против Дел Потро и да се пласира во 1/8-финале, каде што ќе игра против Баутиста.
Натпреварот го започна одлично, а веќе во 2-от гејм имаше 2 брејк топки, но не ги искористи. За првиот брејк на натпреварот се чекаше до 8-от гејм, кога Федерер ја искористи 5-та брејк топка на натпреварот.
Потоа сервираше со потешкотии и спаси дури 4 брејк топки, а на крајот стигна до 6:3.
Вториот сет започна сигурно за двата тенисери, а Федерер повторно вршеше притисок и до брејк стигна во 5-от гејм кога ја искористи првата брејк топка во вториот сет.
Потоа сервираше сигурно и со 6:4 го освои вториот сет.