Мајката на силуваната девојка го обвини Роналдо: Мојата ќерка не е повеќе истата…


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Продолжува големиот скандал во кој е вмешан Кристијано Роналдо со силување на една девојка.

Кетрин Мајорга го обвини Португалецот дека ја силувал во 2009. година во Лас Вегас, а нејзината приказна ја објави „Шпигл“.

Иако, наводно ѝ платил речиси 300.000 фунти за да молчи, таа повеќе не можеше да издржи и ја кажа својата приказна.

По изјавата на девојката, во медиумите се огласи и нејзината мајка која го обвини Роналдо.

„Мојата ќерка никогаш не беше иста после тоа. Таа секојпат се кршеше кога ќе го види Роналдо“, кажа мајка ѝ.

Од друга страна, Роналдо не е загрижен поради скандалот и кажа дека станува збор за лажни вести.

Неговиот адвокатски тим најави тужба против медиумите кои ја објавија веста бидејќи го уништуваат името на Португалецот.