Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По многумина најдобар играч во историјата на кошарката, Мајкл Џордан, фатен бил пред влезот на хотел во Њујорк со шише текила во рацете.
Летечкиот Мајкл откако ја заврши својата кошаркарска кариера, се сврти кон светот на бизнисот каде што му оди исто така добро како на паркетот.
Тој беше фотографиран како во едната рака држи полупразно шише Текила, додека во другата рака носи картонска кутија во која имало уште шишиња од познатиот мексикански пијалок, притоа одбивајќи да подели автограми на присутните кои биле насобрани околу него.
Инаку, овој пијалок содржи 38 проценти алкохол, така да легендата на Чикаго Булс, судејќи според изјавите на очевидците, бил во „расположена“ состојба.
Некои низ смеа коментирале дека на овој начин сакал да ја одбележи 20. годишнината од култниот шут за победа на екипата на Јута Џез во финалната серија во НБА лигата во 1998 година.
Michael Jordan getting lit on the 20th anniversary of his epic final shot with the Bulls
Still GOAT pic.twitter.com/KXIzSbuOjB
— Sportsnaut (@Sportsnaut) June 14, 2018