Мбапе има свои фаворити за Златната топка, една ѕвезда изоставена


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Младиот француски напаѓач, Килијан Мбапе беше еден од најзаслужните што Франција стигна до титулата Светски шампион на неодамна завршеното Светско првенство во Русија.

Напаѓачот на ПСЖ одигра феноменално на турнирот во Русија, а имаше одлична сезона и во дресот на ПСЖ. Токму затоа, сосема заслужено е во тесна битка во трката за Златната топка.

За многумина Кристијано Роналдо е фаворит за оваа престижна награда, а Мбапе има свои фаворити за популарната „Балон д Ор“. Изненадување е што Лионел Меси воопшто не се најде во конкуренцијата на Мбапе.

„Кои се фаворити за Златната топка? Кристијано Роналдо, Лука Модриќ, Рафаел Варан и јас. Тоа е тоа“ –коментираше Мбапе.