Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе, избран е за најдобриот млад играч на светот за 2018. година.
Мбапе убедливо стигна до оваа награда, а беше и четврти во распоредот за најдобар играч на светот. Младиот француски напаѓач ја воодушевува фудбалската јавност веќе неколку сезони и многумина се сигурни дека пред нив е блескава иднина.
Се започна пред две години кога Мбапе се појави во Монако и со своите игри ги остави сите без текст. Се чинеше тогаш дека се работи само за тинејџер кој блеска за момент, но набрзо тој стави демант на тоа. Неодамна се појави приказна дека Мбапе пред трансферот во ПСЖ бил на чекор од Арсенал, но се чини дека не бил така блиску како што претставуваат медиумите.
„Слушнав приказни дека пред една година сум требал да заминам во Арсенал, но потоа сум заминал во ПСЖ. Вистина е дека со Венгер тогаш бев во контакт, но одлучив да заминам по друг пат. Тој не сакаше да ме задржува и навистина се понесе како господин и ми посака среќа“, истакна Мбапе.