Мбапе одбра нов број на дрес во ПСЖ!

Килијан Мбапе уште еднаш ја воодушеви фудбалската јавност со своите игри на Светското првенство во Русија.

Мбапе со Франција стигна до златниот медал и беше прогласен за најдобар млад играч на Мундијало. Иако има само 19 години, Мбапе веќе покажа со какви квалитети располага.

Напаѓачот минатото лето стигна во ПСЖ, каде што е дел од неверојатното трио со Нејмар и Едисон Кавани.

Во првата сезона Мбапе го носеше дресот со број 29, но сега реши да го промени бројот. Неговиот најомилен е десет, но поради тоа што го носи него Нејмар, младиот Французин ќе го земе дресот со број – седум.