Мбапе се сели во ПСЖ, а во спротивен правец одат тројца фудбалери


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Килиан Мбапе е еден чекор поблиску до трансфер во редовите на Пари Сен Жермен.

Ова го најавуваат медиумите во Франција кои утрово пренесоа информација дека договор меѓу двата клуба е постигнат, а ќе биде комплетиран кога триото на ПСЖ, Џулиан Дракслер, Лукас Мура и Хавиер Пасторе ќе се согласи да се пресели на „Луи Втори“.

Ова е значаен чекор напред кон реализација на трансферот. „Ле Паризиен“ тврдеше дека ПСЖ ќе понуди 150 милиони евра плус некој од овие тројца играчи, но не е исклучена опцијата сите тројца да се преселат во тимот на Леонардо Жардим.