„МВП? Не ми е гајле“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Расел Вестбрук игра одлично оваа сезона во Оклахома. Тој стигна до 12 трипл-дабл, а просечно постигнува по 31.1 поен, 10.9 скокови и 11 асистенции.

Иако одлично играат и Харден, Дурант, Ленард и уште некои, сепак Вестбрук е фаворит за МВП наградата.

Меѓутоа, него тоа не го интересира.

„Искрено, не ми е гајле, за мене освојување на трофејот е секогаш најважна работа.“

Тоа ќе биде малку потешко, но не може да се каже дека Оклахома игра подобро од тоа што се предвидуваше, бидејќи тие се во моментов 6-ти на Западот со резултат 15:9.