Мега-трампа на повидок: Јувентус со согласи, но прво Милан мора да исполни еден услов!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус е подготвен да го размени својот нов дефанзивец Матија Калдара со Леонардо Бонучи, поранешниот играч на „старата дама“, кој би можел да се врати во клубот.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Јувентус ќе се согласи да ги размени играчите само ако Милан се согласи да вклучи откупна клаузула во договорот.

Јувентус сака да го продаде Калдара во замена за Бонучи, но „старата дама“ би имала шанса да си го врати Калдара во иднина.

Исто така, Гонзало Игуаин е блиску до „росонерите“, но тие претходно ќе мора да ги продадат Андре Силва, Карлос Бака и Никола Калиниќ за да соберат 60 милиони евра.

Извршниот директор на Јувентус, Марота, потврди дека Јуве е заинтересиран за Бонучи, но кажа дека во моментов „бјанконерите“ имаат доволно дефанзивци во екипата.