Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, најави дека е незадоволен во Реал Мадрид, па постои можност да замине наскоро од екипата.
Роналдо се прослави во Манчестер јунајтед, кога стигна во 2003. година од Спортинг Лисабон. Шест години подоцна замина во Реал за рекорден трансфер вреден 94 милиони евра..
Ако одлучи да се врати на „Олд трафорд“, таму ќе го чека неговата „седмица“. Наводно, Жозе Мурињо му го ветил бројот кој во моментов го има Алексис Санчез, а преговорите помеѓу двете страни би требало да почнат во наредните денови.
Во наредните месеци ќе биде познато дали Португалецот ќе се врати во Англија или ќе остане во Мадрид.















