Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Веста дека Ливерпул го победи Лидс со 2:0 во Лига купот во Англија е целосно во сенка на фактот дека напаѓачот Бен Вудбурн на 17 години и 45 денови стана најмлад стрелец во историјата на Ливерпул.
Медиумите веднаш „фрлија“ око на играчот кој е роден во 1999 година, а во негова одбрана застана Клоп.
Германскиот тренер од медиумите побара да се тргнат од него и да не пишуваат премногу за него.
„Ние знаеше за што Бен е способен и што може да направи. Мојата најважна работа е да му помогнам да биде подобар.“
Најголема пречка за развојот на младиот играч би можеле да бидат медиумите, кои преку ноќ од него направија ѕвезда.
„Се е добро, јас сум среќен поради него. Единствен проблем што ме плаши е односнот на медиумите. Затоа не сакам да зборувам на таа тема.“