МекКолум ја откри причината зошто не забива повеќе


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Си Џеј МекКолум е еден од најдобрите шутери во НБА лигата и еден од клучните играчи за константноста на Портланд Трејлблејзерс последните неколку години.

 

Во интервју за NBA TV тој беше запрашан зошто одамна не сме го виделе да ја забие топката во обрачот, а тој одговори на прашањето во свој стил – досетливо и кратко.

“Додека бев во колеџ и во првите две години во лигата забивав само за да им докажам на сите дека сум атлетски подготвен за НБА лигата. Тогаш сите велеа дека сум слабичок и недоволно спремен за да играм врвна кошарка. Сега кога сите видоа дека можам да трчам, скокам и шутирам на највисокото ниво, немам повеќе причина да се докажувам. Во моментов ме плаќаат да играм што повеќе натпревари, па затоа сега многу повеќе го пазам телото.” – рече МекКолум.

 

Си Џеј МекКолум можеби не е најдобриот играч во својот тим, но неизбежно е да се примети дека тој е сепак клучен дел од сите успеси на тимот од Портланд. Во минатата сезона МекКолум имаше во просек 23 поени по натпревар а и шутираше 42% од линијата за три поени.