Мекларен сака да се ослободи од Денис


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Местото на првиот човек на Мекларен би можело да остане празно, бидејќи акционерите сакаат Денис да ја напушти таа функција. Како потенцијални наследници се споменуваат Рос Брон, Џастин Кинг и Витмарш.

    Медиумите пренесуваат дека Денис по 35 години на чело ќе го напушти Мекларен, иако тој го негира тоа.

    Потенцијалните кандидати за неговото место се веќе познати.

    Кинг овој викенд ќе присуствува на ГН САД, но на прашањето за местото на Денис, тој рече дека сеуште не е празно.

    Договорот на Денис завршува на крајот на годината. Под негово водство од 1981 година, Мекларен стана еден од најуспешните тимови во Ф1.

    Веќе некое време, Денис нема добар однос со другите акционери, особено со Ојехо, кој исто така има 25 проценти од акционерите. Преостанатите 50 проценти се наоѓаат во посед на кралско семејство од Бахреин.

    Денис последните години се обидуваше да откупи доволен дел од акциите за да превземе контрола над Мекларен, но тоа не му успеа. Поради таа ситуација, веќе со години се шпекулира за неговата позиција, но досега тој остана на таа позиција.

    Што ќе се случи навистина, останува да видиме на крајот на годината.