Мексиканците бесни на главниот судија, но и на Нејмар


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Мексико не успеаја да направат уште едно изненадување го завршија настапот на Мундијалот по поразот од Бразил со 2:0.

Мексиканците беа рамноправен противник на Бразил, но по две убави акции „Кариоките“ стигнаа до победа со головите на Нејмар и Фирмино.

Селекторот на Мексико, Осорио по натпреварот беше доста критичен кон главниот судија на натпреварот, но и кон најголемата бразилска ѕвезда, Нејмар.

„Срам за фудбалот беше толку време да се троши на еден играч. Судењето беше пристрасно и на играчите од тоа им беше доста.  Овој натпревар не беше добар пример за фудбалот, ни за светот, ниту за децата кои го играат. Ова би требало да е спорт на повештите, поодлучните, на машката игра, а не на изведувањето глупости“ –остро распали Осорио.