Мемфис Депај откри во кои клубови би сакал да ја продолжи кариерата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Лион, Мемфис Депај ја оживеа кариерата откако стигна во Франција и го напушти Манчестер јунајтед.

Депај ги разочара фановите на Јунајтед, па сега во Франција одигра 22 натпревари и постигна шест гола и 12 асистенции за Лион, па јасно е дека е важен фудбалер на францускиот клуб.

Холанѓанецот не криеше дека сака да се пресели во некој европски гигант, па спомена и неколку потенцијални дестинации.

„Лион е голем клуб, но не е меѓу најдобрите пет во Европа. Сакам да заминам во тим како што се Барселона, Реал Мадрид, Челси, Манчестер сити, ПСЖ или Баерн Минхен. Секогаш зборувам дека желба ми е да играм за Реал, но во моментов размислувам само за Лион“, кажа Депај.