Мертесакер ќе се пензионира по крајот на сезоната


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Пер Мертесакер ќе се пензионира од активното играње фудбал на крајот на оваа сезона и ќе стане тренер во академијата на Арсенал.

Високиот Германец кој има над 100 настапи за својата репрезентација ќе остане во составот на Арсенал оваа сезона, а во меѓувреме ќе работи на запознавање на менаџерските техники и запознавање со академијата на Арсенал.

Лук Хобс кој моментално е тренер на младите играчи на Арсенал ќе остане на таа позиција до крајот на оваа сезона, а потоа на негово место ќе дојде Мертесакер.