Меси го „предаде“ Пике: Сум му асистирал? Не е вистина, лаже…


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Барселона на едно коло пред крајот на групната фаза го осигураа првото место во групата Б во Лигата на шампиони.

Каталонците го победија ПСВ со 2-1, а еден од погодоците го постигна Жерар Пике по интересен слободен удар на Лионел Меси, а многумина забележаа дека тоа го тренирале на тренинг.

„Сме вежбале на тренинг? Тоа е лага. Јас лошо го изведов слободниот удар, а Пике случајно постигна гол. Имавме многу среќа“, кажа Меси.

Исто така, во стрелците се запиша и Меси и тоа со фантастичен погодок.