Меси го стигна Роналдо, а има 97 натпревари помалку


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатиот викенд гледавме доста возбудливи натпревари во најјаките европски лиги.

Барселона запиша победа во Жирона со 2:0 и го задржа првото место во Ла Лига, а во листата на стрелци повторно се запиша Лионел Меси.

Аргентинецот има само еден гол помалку од Кристијано Роналдо кога се во прашање головите за клубовите на овие фудбалери.

Меси само неколку часа имаше ист број голови како и Роналдо, но Португалецот постигна гол од пенал и повторно „побегна“ со еден гол повеќе од најголемиот ривал.

Меѓутоа треба да се додаде дека Роналдо има одиграно дури 97 натпревари повеќе од Меси кога се во прашање настапи за клубовите.

Меси има погодено 589 пати на 694 натпревари, додека Кристијано Роналдо 590 голови, но има одиграно 791 натпревари во дресот на Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус.

Секако, Меси до овие бројки стигна само во дресот на Барселона.