Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Лионел Меси дефинитивно не е во ред, а тоа го покажуваат и официјалните податоци од првото коло на Светското првенство во Русија.
Еден од најдобрите фудбалери во светот играше очајно против Исланд и не ги исполни очекувањата на навивачите и не успеа да им помогне на своите сонародници.
Меси истрчал само 7,61 км, а тоа е досега најмалку во споредба со другите играчи на Мундијалот во Русија во 90 минути. Неверојатен е податокот дека Меси истрчал и без топка помалку од сите останати.
Според статистичките податоци, аргентинскиот капитен води само во однос на дриблинзи и удари кон противничкиот гол.