Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Барселона тешко дека ќе се сретнат двајцата талентирани фудбалери бидејќи Каталонците не сакаат да потрошат премногу пари за Бразилецот, иако би ја намалил неговата плата.
Но, тоа отвора можност Меси и Нејмар да заиграат заедно во ист тим во МЛС-лигата.
Не е тајна дека Меси има понуда од Дејвид Бекам да се приклучи на неговата екипа, Мајами Интер, кој ќе почне да се натпреварува од 2020 во МЛС, но тешко може да се очекува такво нешто, зашто договорот на Аргентинецот завршува во 2021 година.
Сега, наводно, Бекам собира пари и за Нејмар, со кој сака договор на три години, но не е познато колку е голема желбата на Бразилецот.
Бекам разговарал со Нејмар, му го кажал својот план и сега работи на него за да го реализира.
Во секој случај, Меси и Нејмар би можеле да привлечат поголемо внимание на МЛС-лигата, а сигурно со тоа би се ангажирале и некои други ѕвезди.