Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лео Меси и Цеск Фабрегас одлучија да му се придружат на Џерард Пике и да му помогнат во водењето на шпанскиот петолигаш Андора, пренесуваат локалните медиуми.
Пике со компанијата „Космос“ ја презеде Андора и долговите на клубот, а на патот до влегувањето во Ла Лига, што го постави како цел, ќе има помош од бившиот и сегашниот соиграч од Барселона.
Фабрегас и Меси, исто како и Пике, произлегоа во познатата школа на Барселона, а истиот принцип ќе го применат и во клубот кој се натпреварува во петтата лига во регионот Каталонија.
За тренери ги постави некогашните фудбалери на Барселона, Габри Гарсија и Алберто Жоркеру, а екипата ја засили Адрија Виланова, синот на Тита.
Пике со компанијата „Космос“ почна да вложува во тенисот, видео игрите, органската храна…