Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Борбата за „Златна топка“ ќе биде неизвесна и оваа година, а сосема е јасно дека 9-ти пат по ред ќе замине во рацете на Лионел Меси или Кристијано Роналдо.
Мислењата се поделени, гледајќи ги трофеите, Роналдо според многумина е поблиску до 4-та „Златна топка“, бидејќи ја освои ЛШ и ЕП со Поргуалија.
Сепак, од друга страна Роналдо зад себе има лош старт на новата сезона, особено лоша есен додека Меси игра одлично, а не треба да се забораив дека Меси освои 3 трофеи во Шпанија – Примера, „кралскиот“ куп и Суперкупот додека на Копа Америка постигна 5 голови и имаше 4 асистенции.
Дебата која нема крај доби уште еден агол, медиумите од Каталонија кажаа 10 работи поради кои Меси е многу подобар од Роналдо!
- Златна топка
Меси е единствен играч кој ја има освоено 5 пати оваа награда, од тоа 4 во низа(2009, 2010, 2011, 2012 и 2015) додека Роналдо има 3 „Златни топки“, една додека беше во Јунајтед и две со Реал.
- Просек на голови во оваа сезона
Како што рековме, Роналдо е во лоша форма оваа есен, постигна само 7 голови на 12 натпревари што е во просек 0.58 по натпревари додека Меси постигна 16 голови на 14 натпревари, просечно 1.14 по натпревар, а тоа е скоро двојно подобро од Роналдо.
- Асистенции
Лионел Меси многу повеќе работи за својот тим додека Роналдо очекува екипата да игра за него. Иако разликата во асистенции оваа сезона не е многу голема, 7:5 за Меси, сепак Меси има учествувано во најмногу голови за својот тим. Меси директно учествувал при 23 голови, 16 негови и 7 асистенции.
- Однос на играчите
Не само статистички гледано, туку и малку подлабоко, Меси има вистински партнерски однос со своите соиграчи во нападот. Меси е многу близок пријател со Нејмар и Суарез, а тоа се почуствува и на теренот додека Роналдо јавно има поинаков став: Не морам да се бакнувам и гушкам со своите соиграчи, нашиот однос е строго професионален.
- Број на титули
Гледајќи ги освоените титули, Меси е исто така пред Роналдо. Меси има 29, а Роналдо 19 освоени трофеи.
Меси:
8 национални титули
4 ЛШ
7 Суперкупови на Шпанија
4 Кралски купови
3 Суперкупови на Европа
3 СП за клубови
Роналдо:
4 национални титули(Примера и 3 ПЛ)
3 ЛШ(со Реал и Јунајтед)
3 Суперкупа
3 купа(2 кралски купа и ФА куп)
2 Суперкупови на Европа
2 СП за клубови
2 Лига купа
- Сосема поинакви карактери
Огромна е разликата во нивните личности. Роналдо не може да го сокрие своето его, напротив пречесто го покажува во негативен контекст, најчесто со своите реакции пред голот. Во ситуации во кои тој е пред голот, секогаш шутира додека Меси често проигрува со соиграч ако е во подобра позиција.
- Фудбалер од оваа и фудбалер од некоја друга планета
Многу фудбалски експерти го опишуваат Меси како играч од друга планета. Неговото влијание на играта е многу поголемо од тоа на Роналдо. Додека тој без сомнеж е одличен голгетер, Меси има влијание на случувањата на теренот повеќе од било кој друг играч. Тој го диктира темпото, ја организира играта, има многу добри додавања, прецизни длабочински топки и успешни дриблинзи.
- Почитување во фудабалот
Меси е играч на кој најмногу фудбалски имиња му се восхитуваат за разлика од Роналдо. Само кога ќе погледнете колку луѓе го прогласија Меси за најдобар во историјата, јасно е дека Роналдо и во овој сегмент е полош од него. Роналдо тоа тешко го прифаќа и вели дека него луѓето го мразат затоа што е најдобар. Од друга страна, Меси ретко ќе го слушнете да зборува за себе.
- Големи натпревари
На Роналдо најчесто му замеруваат поради тоа што во големите натпревари го нема никаде, односно своите најдобри игри ги покажува против слаби тимови. Од друга страна, Меси е специјалист за големи улоги, иако настапите во репрезентацијата не одат во негов прилог, бидејќи изгуби 4 големи финалиња.
- „MSN“ против „BBC“
Триото на Барселона е исто така поуспешно од тоа на Реал. Во претходните 2 сезони, триото на Барселона беше многу подобро, а тоа продолжи и оваа сезона во која има 33 голови додека Роналдо, Бензема и Бејл заедно постигнаа 20 голови.