Меси сепак призна пораз: Му честиташе на Роналдо, но и најави освета


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ел Класико заврши со мирољубиви 1:1, а многумина се уште се совменаат дали Кристијано Роналдо ќе ја добие Златната топка.

И покрај големите тимски постигнувања на Португалецот, некои експерти сметаат дека сепак таа награда ќе му припадне на Аргентинецот за одличниот успех на индивидуален план во 2016. година.

Сепак, дилемата е решена, доколку можеме да веруваме на шпанските медиуми. Имено, тие тврдат дека Меси, актуелниот освојувач на Златната топка, веќе му ја предал таа награда на напаѓачот на Реал.

Се се решило по саботното Ел Класико, Меси дошол до Роналдо и му честитал за двете освојувања оваа година, но и му рекол дека следната година ќе ја врати таа награда во својот дом.