Меси се враќа, Јуве без Игуаин, Баерн без Ноер


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Со какви сили гигантите ќе се претстават во петтото коло во Лигата на Шампионите?

    Барселона на гостувањето во Селтик ќе биде посилна со присуството на Лионел Меси. Баерн во Ростов патува без Мануел Ноер, но Анчелоти на располагање ќе ги има Хави Мартинез и Арјен Робен.

    Во нови проблеми во пресрет на патувањето во Севиља, менаџерот на Јувентус, Масимилијано Алегри нема да може да смета во нападот на Диабала, Пјаца и Игуаин, па остана на Манџукиќ и 16-годишниот Мисеу Кијану.

    Во Севиља пак не се сигурни дали ќе може да игра Самир Насри.