ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Нејмар и неговиот татко заедно со поранешниот претседател на Барселона, направиле контоверзен трансфер на Бразилецот во Барселона, и за тоа ќе мораат да одговараат.
Судијата Хозе Перлас побара и пет години затворска казна за поранешниот претседател на Барселона, Сандро Росел, кој бил одговорен за контоверзниот трансфер. Нејмар, Росел и таткото на Нејмар ќе мораат да присуствуваат на судењето, кога и ќе ги дознаат конечните казни.
Покрај затворските казни, судот побарал и парична казна за ова трио од 8,4 милиони евра. Барселона во 2013. година објави дека Нејмар е платен 57 милиони евра, а заклучено е дека таа сума била повеќе од 80 милиони евра.