Меси си ја обезбеди иднината, може да ја напушти Барселона кога ќе посака?


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Јасно, тој не сака да ризикува, а планот е јасен.

Тој во новиот договор со Барселона според кој ќе добива 35 милиони евра, има клаузула која се однесува на евентуалната независност на Каталонија.

Ќе може да го напушти тимот, ако барслеона не игра во едене од следните четири шампионати, а тоа се Примера, ПЛ, Бундеслигата и Лига 1. Серија А не се споменува, но тврдењата на каталонскиот лидер дека Барселона ќе продолжи да игра во Шпанија или некоја од другите топ 5 лиги, немаат никаква основа.

За тоа не постои никаква шанса, според законот кој е донесн, каталонските клубови ќе бидат избришани од сите натпреварувања во Шпанија, а со тоа тешко може да се замисли ситуација во која би се преселиле во некоја друга лига. Сите големи клубови од другите земји ќе се обидат да го спречат тимот на Барселона да дојде во нивната лига.

Меси е свесен за таа опасност, па ако Каталонија стане независна, тој ќе ја напушти Барселона и клаузулата од 700 милиони не важи.