„Меси уништи седум тренери, треба да го исфрлите од репрезентацијата!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси разочара во првите два натпревари на Светското првенство во Русија.

Меси против Хрватска беше целосно невидлив, а против Исланд промаши пенал, па многумина сметаат дека ѕвездата на Барселона досега најмногу разочарала во Русија.

Еден од тие кои не се на негова страна е аргентинскиот тренер Рикардо Ломбарди, кој кажа дека Меси треба да биде исфрлен од репрезентацијата.

„Меси уништи седум тренери. Дури мислам дека намерно одигра лошо за да биде избркан Сампаоли. Тие треба да го исфрлат од репрезентацијата. Меси не се грижи за ништо, тој игра против тренерите. Сака да биде со играчи кои му се допаѓаат, а не се најдобри“, кажа Ломбарди.