Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ракометниот клуб Металург денес ги започна подготовките во пресрет на новата натпреварувачка сезона.
Првата прозивка ја направија помошниците на Червар, Ацо Јовиќ и Петар Мисовски, а Хрватот ќе се приклучи на тимот утре пред патувањето за Маврово.
На првиот тренинг беа присутни сите играчи освен Марко Нелоски кој доби дозвола да бара нова средина.
На првата прозивка се појавија и новите интернационални засилувања Јануш Лапајне, Анте Токиќ, Лука Стојановиќ и Божо Ангелиќ, а се приклучија и Мице Шилегов, Димитар Димитриоски, Милан Лазаревски , Марио Танкоски и Мартин Серафимов од Металург 2.
Подготовките ги започнаа и играчите кои минатата сезона ја поминаа на позајмица, Никола Даниловски и Дарко Димитриовски.
Металург во Маврово ќе остане седум дена, а потоа ќе се упати за Струга каде ќе учествува на турнирот „Струга 2017“ кој се одржува од 12 до 15 август.