Мет беше најбрз, Хиршер доби глобус во слалом!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По освојувањето на малиот кристален глобус во велеслалом и вкупната победа во Светскиот куп, Марсел Хиршер дојде и до малиот кристален глобус во слалом.

За тоа му беше доволно 4-то место на натпреварувањето во Крањска Гора, со што успеа да направи разлика од 110 бодови во однос на Кристоферсен.

Хиршер имаше време 1:49.06, а тоа беше за 80 стотинки полошо од тоа на победникот Михаел Мет од Австралија.

Да потсетиме, Хиршер оваа година освои светско злато во слалом и велеслалом додека втор беше во алпска конкуренција, па то јасно зборува за каква доминација станува збор.