Мејведер вети дека ќе го нокаутира МекГрегор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Флојд Мејведер, најдобриот дефанзивен боксер во историјата на спортот, гарантираше дека дуелот против МекГрегор во сабота ќе го добие со нокаут.

 

“Ќе го нокаутирам, сто проценти сум сигурен. Нема шанси да боксуваме до крај на последната рунда.” – рече Мејведер на финалната прес-конференција пред мечот.

“Го правам ова за себе и за мојата фамилија, но исто така сакам да им понудам шоу на фановите. Борбата со Пакјао беше досадна, но за тоа е виновен Пакјао. Овојпат сум спремен да им пружам забава на фановите.” – додаде Мејведер.

 

Флојд Мејведер нема нокаутирано никого во борба од 2011 година па наваму, но исто така нема ниту еден пораз во кариерата. Без разлика дали и во овој дуел ќе влезе претпазливо или не, сепак публиката очекува боксерски спектакл поради присуството на МекГрегор во рингот.