Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Теншин Насукава трипати за две минути беше урнат на подот, па неговиот тим реши да го прекине мечот против боксерската легенда Флојд Мејведер.
Иако е постар 21 година од противникот, Мејведер го уништи јапонскиот кикбоксер, а за повеќе од две минути заработи дури девет милиони долари.
Секако, Флојд реши да сепофали и на социјалните мрежи, па така на Инстаграм ги сликаше парите на седиштете во својот Ролс-Ројс.
Насукава пред борбата беше убеден дека ќе го победи Мејведер, иако не можеше да користи кикбокс техника. Сепак, на крајот беше посрамотен пред 37.000 гледачи.
„Уште сме непоразени двајцата. Ова беше само поради забава. Теншин е голем шампион, а јас сум уште во пензија. Главата горе, поддржете го човекот. Тој е одлично момче и голем шампиони“, порача Мејведер.
Насукава во кариерата има 32 победи и ниту еден пораз, додека Мејведер има 50 победи и ниту еден пораз.