Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на МЗТ Скопје го победија Карпош Соколи во СЦ Јане Сандански, во првиот натпревар од финалето во македонската кошаркарска лига, 77:76.
После првите десет минути игра соколите имаа водство од два поени, 19:21. На полувреме кошаркарите на МЗТ Скопје заминаа со минимална предност, 41:40.
Во третата четвртина соколите одиграа подобро од металците и пред последните десет минути од натпреварот имаа водство од 8 поени, 53:61. МЗТ Скопје одлично ја одигра последната четвртина во која направи пресврт и на крајот минимално победи, 77:76.
Следниот натпревар помеѓу овие два клуба е за два дена кога домаќин ќе биде тимот на Карпош Соколи.